| четврток, 6 декември 2018 |

Поправката на студетскиот „Гоце Делчев“ ќе оди во неколку фази

pozar-vo-studentski-dom-gc-4

Спиро Ристовски, министерот за образование и наука најави дека реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се одвива во фази и дека се планира заклучно со 2016 година да бидат темелно реконструирани сите четири блока.

Во првата фаза е реконструкција која, врз основа на проценетата вредност, се планира да изнесува над 70 милиони денари. Тендерот ќе оди фазно. Во наредните две години се очекува да бидат комплетно санирани, односно реконструирани сите четири блока на домот „Гоце Делчев“ – изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој побара разбирање од студентите зашто во реконструктивниот процес делови од домот парцијално нема да бидат во функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top