Mинистерот за здравство Никола Тодоров денеска во придружба на градоначалникот Арсенчо Алесковски го посети Здравствениот дом „Професор д-р Димитар Арсов“ во Крива Паланка и најави реконструкција по 50 години пауза.
– Овој простор целосно ќе се реконструира со замена на подови, плафони, ѕидни облоги, прозори, врати, целокупна инсталација запазувајќи ги европските стандарди за енергетска ефикасност. Овој дом 50 години не е реновиран, сега е проект на Министерството за здравство, проект од Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) во висина на 21.183.600,00 денари – изјави министерот Тодоров.
Тој посочи дека со директорот на Здравствениот дом Радивој Маџовски разговарале и за други прашања, при што било договорено во најскоро време да се домот да се доопреми и со човечки ресурси.
– Од 1955 година кога е направена оваа зграда, досега не е вршена никаква интервенција, а благодарение на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија денес сме во фаза да го реконструираме овој дом. Во исто време многу сум благодарен што ни помогнаа и за организационите работи кои се однесуваат поточно за „рурален доктор“ добивајќи возило и потребен персонал, а во најскоро време очекуваме уште едно возило со што ќе покриеме целиот кривопаланечки терен – рече Маџовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.