Александр Турчинов, вршителот на должност претседател на Украина повторно со декрет воведе воена обврска, поради влошената ситуација на истокот и на југот на земјата. Тој призна дека државните сили се беспомошни да се изборат со немирите во некои области, истакнувајќи дека сега целта е да се спречи нивно натамошно ширење.
Украина ја обвинува Русија за организирање на заземањето на бројни јавни згради на истокот на земјата, што Москва го негира.
Во близина на украинската граница, според некои проценки се стационирани околу 40.000 војници, а Турчинов напоменува дека Украина е „во целосна борбена готовност“, стравувајќи од руска инвазија.
Киев го укина задолжителниот воен рок за младите мажи на крајот на 2013, врз основа на закнот што го предложи тогашниот претседател Виктор Јанукович.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина