| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Продолжуваме со унапредување на економијата

pesevski_g_5

Вицепремиерoт за економски прашања Владимир Пешевски присуствуваше  на отворањето на најголемиот трговски центар во западниот дел на земјата – „Палма Мол“  во Тетово.

– Ние во Владата постојано се трудиме за промовирање на домшаните во однос на странските инвестиции, иако во јавноста како да нема впечаток за тоа, затоа што сите проекти и закони кои се носат во економската сфера како намалување на даноците, на комуналиите, на цената на градежното земјиште и давање на градежно земјиште на општините за стопанисување имаат таква цел – унапредување на економијата. Ќе продолжиме со овие активности за да овозможиме отворање на вакви капацитети низ целата држава, бидејќи тоа се местата на кои се создаваат нови работна места и се развива економијата – рече Пешевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top