| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската војска почнала операција за заземање на Славјанск

UkraineMoves_2897730b

Славјанск, град во источниот дел на Украина кој е под контрола на проруските сепаратистички сили е под опсада на украинската војска која ја почнала операцијата на заземање на градот.

Бројни светски медиуми јавуваат дека на улиците на овој град се слушаат пукотници и експолозии, а еден голем воен хеликоптер исфрлил проектили на крајните делови на градот.

Вјачеслав Пономарјов, самопрокламиран градоначалник на Славјанск, изјавил за рускиот „Интерфакс“ дека се соборени два хелихоптери на украинските сили.

Руски телевизиски канали пренесуваат дека одделни делови од градот се под жестока пукотница на украинските сили.

Украина ја обвини Русија дека организирала заземање на повеќе владини тела во источните украински градови, а Москва тоа го негираше. Русија, во меѓувреме на граница со Украина стационирала 40 илјади војници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top