| четврток, 6 декември 2018 |

Јавното обвинителство ќе ја претстави канцеларијата за односи со јавноста

obvinitelstvo-skopje

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ќе ја претстави новоформираната канцеларија за односи со јавноста.

На средбата со новинарите ќе бидат претставени одговорното лице за односи со јавноста, идните чекори во градење заемна комуникација со медиумите, програма за презентација на информациите во јавноста и мерките кои Јавното обвинителство ќе ги преземе во сферата на транспарентното информирање.

– Тргнувајќи од потребата за обезбедување поголема јавност на работата на Обвинителството и на примената на кривичните закони,  како и со цел овозможување на континуирана достапност на навремени и точни информации за медиумите, Јавното обвинителство на Република Македонија го формираше Одделот за односи со јавноста во сопствените редови, соопшти Обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top