| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ и Атланта на мајсторка во Индијана

Перо Антиќ и Атланта хоукс ќе играт решавачки седми меч против Индијана, или популарна „мајсторка“ по поразот ноќеска од 88-95. Хоукс имаа шанса да се пласираат во полуфиналето во Источната конференција, но загубија и ќе мора да го комплетираат подвигот на гостински терен.

Досега само шест екипи успеале како осморангирани да го елиминираат првопласираниот тим во конференцијата. Антиќ ноќеска одигра нешто повеќе од 27 минути и постигна пет поени, а имаше и 6 скока. Џеф Тиг беше најефикасен кај домашниот тим со 29 поени, додека кај Индијана Дејвид Вест и Пол Џорџ забележаа по 24 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top