| четврток, 6 декември 2018 |

И ГТЦ ќе биде барок?

gtc

Првиот конкурс пропадна поради тоа што се пријави само еден автор со футуристичко решение, а на вториот свои понуди доставиле четворица автори – еден понудил современа архитектура, двајца стаклена надворешност, а четвртиот – неокласична, која најмногу му се допаднала на Аго Абазовски, пишува Дневник.

По неуспешниот прв конкурс за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар (ГТЦ), за пет дена ќе биде финиширан вториот, на кој се очекува да биде избрано конечното решение.

Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, изјави дека сите пристигнати четири понуди кои се од македонски автори се отворени, но дека жири-комисијата составена од истакнати професори во наредните денови треба детаљно да ги разгледа трудовите за да може да направи најсоодветен избор. Тој обелодени дека еден од трудовите има понудено класично футиристичко решение за фасада, а други два претпочитале стаклена надворешност. Четвртиот е комбинација од барок и класицизам.

– Мене најинтересен труд ми беше последниот, сепак конечниот збор ќе го има жири-комисијата. Битно е да се избере и економично и естетско, но и функционално решение -нагласи директорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top