
Централното претседателство на ДУИ избрал осумчлен тим што ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за коалицискиот договор за следниот мандат на владата – објави Алсат-М.
Работната група ја предводи генералниот секретар на партијата Абдулаќим Адеми, а дел од неа се и Муса Џафери, Фатмир Бесими, Изет Меџити, Блерим Беџети, Бујар Османи, Артан Груби и Аднан Јашари. Избраните денеска ја започнуваат интерната координација за градење платформа, со која треба да излезат пред ВМРО-ДПМНЕ. Од ДУИ велат дека платформата ќе се базира на програмата со која на изборите ја добија довербата на народот.
Не се откриваат приоритетите и барањата на ДУИ ниту црвените линии во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Функционери на ДУИ велат дека разговорите треба да почнат веднаш по мајските празници, евентуално претстојниот викенд. Првично ќе се разговара за принципите за заедничко владеење, а постепено ќе се допираат и конкретните теми. Во последниот мандат ДУИ имаше 2 вицепремиера, 5 министри и 4 заменици-министри, потпретседател на парламентот, неколку државни секретари и управи. За новиот мандат ДУИ не сака да шпекулира за бројката на функциите во извршната власт, но велат дека посебно внимание ќе се посвети на значајните функции, и тоа првпат и на финансиските, покрај политичките. Во преговорите нема да бидат оставени настрана ни процесот на евроинтеграции, а се очекува двете страни да ги реафирмираат како државен приоритет членството во НАТО и во Европската унија, ветувајќи дека ќе ги направат сите потребни напори за надминување на последните пречки, што го држат во заложништво финализирањето на членството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името


