| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот роман за Џејмс Бонд стигнува во септември

Новиот роман за Џејм Бонд, од перото на наградуваниот британски писател Вилијам Бојд ќе биде објавен оваа есен, а ќе треба повеќе да почекаме некој од македонските издавачи ќе го преведе

james-bond-height-chart1

Наследниците на Ијан Флеминг, творецот на агентот 007, потврдија дека романот ќе биде објавен на 26 септември, но насловот и заплетот на најновите авантури на британскиот шпион се држат во строга тајност. Единствено се знае дек авторот ќе го одведе Бонд во 1969 година кога имал 45 години, за со тоа да ја одбележи 60-годишнината од објавувањето на првиот роман на Флеминг „Казино Ројал“ (Casino Royale).

Шест децении подоцна популарноста на Бонд не се намалува, а најновиот филм за агентот под наслов „Skyfall“ со Даниел Крег стана еден од најгледаните во историјата на британската кинематографија.

Флеминг почина во 1964 година, но неговите наследници и сопственици на авторските права и понатаму го чуваат и негуваат огнот преку ангирање на литературни ѕвезди како што се Себастијан Фокс и Џефри Дивер.

Вилијам Бојд вели дека ова за него ќе биде „животен предизвик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top