Осумнаесетгодишниот Австралијанец со македонско потекло Мајкл Дамески е победник на австралиското талент шоу „So You Think You Can Dance“. Дамески о неколку наврати ја воодушеви публиката и жирито со неговиот невообичаени изведби и талент.
Тој победи по пат на телевоутинг.Танчерот од Сиднеј, македонецот Мајкл Дамески кој се натпреваруваше со Џеј Џонс ( Нов Јужен Велс) , Лорен Сејмур ( Нов Јужен Велс) и Ренеле Џонс ( Квинзленд ) за титулата омилени танчер во Австралија во шоуто го освои првото место и се закити со титулата Најомилен Танчер на Австралија 2014.
Осумнаесетгодишниот Мајкл Дамески од Сиднеј ја освои титулата и наградата од 100.000 долари како и можност за 12 месечна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


