На отворениот паркинг простор пред „Веро-центарот“, од 7 до 11 мај ќе се одржи третиот по ред пролетен „Веро винофест“.
Првите два дена програмата е планирана да почне во 17:00 часот и ќе трае се до 01:00 после полноќ додека од петок забавата се поместува еден час подоцна и ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае се` од 02:00 по полноќ.
– И овој пролетен „Веро винофест“ го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите. Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна – изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во „Веро“.
На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат: „Тамбураши“, Сара Мејс, „Чалгии“, „Митан проџект“, Дани Димитровска, Жаре Бербер, „М.В.П.“ Србија, „Ајдарет“, „Ристо Џипси Џез“, „Тумбао Салса“ и многу други. Влезот за сите посетители и годинава е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.