| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен пешак кај битолско Кравари

soobrakjajka

Педесет и едногодишен жител на битолското село Кравари е повреден во сообраќајка која се случила на патот Прилеп-Битола, извести телевизија Тера.
Според битолската полиција, возачот на возилото „ауди“ изгубил контрола и удрил во пешакот. Повредениот пешак веднаш бил пренесен на Клиниката во Битола на одделението за неврохирургија, каде се констатирани телесни повреди, потрес на мозокот, набиеници по телото и е задржан на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top