Две жени, мајка и ќерка се повредени во пожар што изби вчеравечер во стан во скопската населба Карпош 4.
Пожарот избил во стан од зградата број 4 на улицата „Волгоградска“, а една од повредените жени е во потешка состојба поради вдишување на чад.
Во гаснењето на пожарот, според информациите од скопската противпожарна бригада, учествувале две противпожарни возила. Причините за пожарот не се познати, но најверојатно настанал поради дотраената електрична инсталација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.