| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Неверојатниот Куртоа беше фатален за Челси

Жосе Мурињо во свој стил го коментираше поразот на неговиот тим Челси од Атлетико Мадрид, а признанијата дека противникот бил подобар, тешко ќе ги добиете од „специјалниот“.

И овојпат според него Челси бил рамноправен противник со повеќе зрели шанси, а нијанси и извонредните одбрани на Тибо Куртоа биле одлучувачки за Атлетико да игра во финалето во Лисабон.

„Една минута го одлучи мечот. Куртоа одбрани на неверојатен начин, а веднаш потоа беше досуден пенал за противникот. Челси не беше инфериорен, напротив имавме повеќе шанси за гол, а не докусури пеналот и голманот на Атлетико“, изјави Мурињо.

Интересно е што Куртоа е член на Челси на позајмица во Атлетико, а одбраните на белгискиот репрезентативец беа неверојатни. Тибо фати неколку тешки удари, а беше сигурен во интервенциите во сите ситуации.

При голот на Торес беше немоќен да стори нешто повеќе, се останато што одеше кон голот на Атлетико заврши во неговите раце. Рефлексната реакција кога спречи израмнување на 2-2 во средината на второто полувреме изгледаше фантастично, па Куртоа е еден од јунаците на триумфот на мадриѓани од 3-1 во Лондон. Тоа им го донесе второто финале во ЛШ (или КЕШ) во клупската историја, а шанса за прв трофеј ќе им биде мечот против градскиот ривал Реал Мадрид во Лисабон на 24. мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top