Од први мај влегувањето во Националниот парк Пелистер со возило ќе се наплаќа.
На тој начин Националниот парк Пелистер по неколку месеци одлагање конечно одлучи во дело да ја спроведе одлуката на Управниот одбор на Националниот парк Пелистер која е одобрена од страна на Владата, со која секое моторно возило кое влегува во Пелистер ќе мора да плаќа за паркирање.
Според одлуката на Управниот одбор цената на паркирање за лесни моторни возила или мотор изнесува 50 дена за цел ден, 80 денари за комбе до 20 седишта и 150 денари за автобус.
Инаку,според одлуката на УО на националниот парк Пелистер собраните средства од паркирањето на Пелистер ќе се користат наменски за одржување на чистотата и инфраструктурата на излетничките места во Националниот парк Пелистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.