Државите од Западен Балкан имаат добри перспективи за членство во Европската унија, изјави денеска во Вашингтон претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
– Ние сме подготвени за проширување, но исто така и претендентите за членство треба да бидат подготвени за тоа, нагласи Баросо во обраќањето на конференција на Атлантскиот совет.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Баросо нагласи дека балканските земји се мали и затоа не може да се појават сериозни проблеми при нивното зачленување.
Говорејќи за предностите од членството во ЕУ, Барозо како пример ја посочи Полска, каде, како што рече, пред тоа приходите по глава на жител биле на ниво како и во Украина, додека сега Полјаците заработуваат трипати повеќе од Украинците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.