| четврток, 6 декември 2018 |

Архитектот на проширувањето на НАТО бара членство за Македонија

Екс претседавачот на Комисијата за надворешна политика на американскиот Сенат побара од членките на НАТО да и понудат членство на Македонија во алијансата.

Сенаторот Ричард Лугар кој се смета за творец на проширувањето на НАТО смета дека „Македонија како пријател и партнер на САД веќе придонесува со свои сили во американските воени операции. Дипломатските дубиози кои што ја држат Македонија надвор од НАТО се досадни во мирнодопски услови но не смеат да бидат толерирани во време на криза.“

Оваа изјава Лугар ја даде по средбата со Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски во Вашингтон.

„Со Европа под закана од Руската воена и економска агресија НАТО не треба да се вкопува туку треба да биде проактивна. Трансатланската заедница е подобро подготвена да одговори на Руските акции со проширувањата во последниве 20 години и треба да продолжи да го прави тоа и денеска”, изјави Лугар по средбата со Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top