Британскиот актер Боб Хоскинс почина денес по кратко боледување од воспаление на белите дробови, соопшти неговиот агент.
– Боб почина мирно во болницата минатата ноќ, опкружен со пријателите – се вели во соопштението објавено во името на сопругата на актерот Линда и децата.
Во него се повикува на почитување на приватноста на семејството и се изразува благодарноста за пораките со сочувство и поддршка.
71-годишниот Хоскинс во 2012 година ја прекина актерската кариера откако му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест.
Боб Хоскинс се прослави со улогите во филмовите „Котон клаб” од 1984 година, „Бразилија” од 1985-та, „Мона Лиза од 1986-та, „Кој го намести за зајакот Роџер” од 1988-та и „Никсон” од 1995 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.