Фудбалот на Серхио Рамос што го испрати во орбитата во мај 2012, му се врати на глава и тоа двапати, во вистинско време, за финале во Лигата на шампионите. Тоа е една од најдобрите шеги на социјалните мрежи, како коментар на вчерашната блескава победа на Реал Мадрид против Баерн од 4-0.
Рамос на 25 април 2012 го промаши клучниот удар од белата точка во пенал серијата против Баварците, по што германскиот тим се најде во финалето во Лигата на шампионите. Тогаш имаше многу симпатични шеги за утката на стоперот на Реал, кој го промаши голот на Нојер за неколку метри во височина.
„Ја нема топката на трибините, таа замина во орбитата“, „Хјустон немаме проблем на Марс, но го имаме фудбалот на Рамос“ и слични досетки кои звучеа многу симпатично.
Сега се јавија навивачите на Реал Мадрид, со доза на хумор, а Рамос со два гола со глава го најави дебаклот на Баерн, синоќа во реваншот во Минхен.
„Ете ја топката што ја баравте, двапати слета на главата на Рамос во вистинско време“, и „Се врати бумерангот на Серхио. Една топка во орбита, две во мрежата на Нојер“, коментираат популарните „Los Merengues“.
Во 2012 стоперот на Реал Мадрид беше трагичар, а вчера со прекрасна игра се претвори во јунак на „кралскиот клуб“. Постигна два гола, за предност на Реал од 2-0 во Минхен, а патем и ги исклучи од игра офанзивците на Баерн, кои не се видоа покрај него и Пепе, па шампионот на Европа ја предаде круната, без постигна гол и со вкупен дебакл од 0-5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





