Во Грција денеска се одржува 24 часовен генерален штрајк кој го организираат најголемите синдикати против мерките за штедење што ги спроведува владата на премиерот Андонис Самарас. За попладне се планирани и масовни протести во Атина и во други грчки градови. Не работат училиштата, болниците, банките и сите јавни институции, а не функционира ни јавниот превоз. Штрајкуваат и адвокатите, инижнерите, градежните работници, кои се едни од најтешко погодените од економската криза. До генералниот штрајк доаѓа на една недела пред новата посета на претставници на така-наречената тројка кредитори, – Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



