СВР Куманово поднесе кривична пријава за С.М.(36), И.С.(33) и за Д.Б.(42), сите од Куманово, за сторено кривично дело насилство.
На 2 април, околу 00.30 часот, во Куманово на ул. „Тане Георгиевски“ пред угостителскиот објект „Револушн“ пријавените, инаку вработени во објектот, откако С.Д.(28) кој бил под дејство на алкохол се обидел да влезе во објектот, физички го нападнале при што му нанеле повреди во пределот на главата.
Повредениот поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан на лекување во Клинички центар – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.