| четврток, 6 декември 2018 |

Џо Џонсон погодува од сите позиции (видео)

Џо Џонсон, ладнокрвно погодуваше во трилер завршница, ги победи и противниците и времето и му донесе победа на Бруклин Нетс против Милвоки по едно продолжение. Најпрво во регуларниот дел, погоди тројка за израмнување на 105-105, а потоа повторно под притисок на времето, во последниот напад од продолжението, погоди за два поени и победа на Нетс од 113-111.

Џонсон постигна вкупно 24 поени и имаше по 5 скока и асистенции, а двата потега со кои го одлучи мечот се број еден на топ-10 листата.
Резултати од останатите натпревари од вчерашната програма:
Вашингтон – Торонто 88-96, Орландо – Шарлот 92-105, Детроит – Мемфис 91-105, Њу Орлеанс – Чикаго 87-96, Денвер – Бостон 97-90, Јута – Голден Стејт 115-101, Сакраменто – Сан Антонио 102-108, Портланд – Феникс 98-102.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top