СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Д.(27), за сторено кривично дело тешка телесна повреда и против Х.Д.(20), од с.Лукаре, кумановско за сторено кривично дело учество во тепачка.
Пријавените на 3 април, околу 10:30 часот, во дворот на ЈЗУ општа болница во Куманово откако претходно го повикале А.Љ.(40) од Куманово, со кого нивната сестра води бракоразводна парница, физички го нападнале, а потоа Б.Д. со дрвен предмет му нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и телото.
Повредениот поради сериозноста на повредите е пренесен во Клинички центар Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.