Данокот на додадена вредност ќе се намали за сточна храна и адитиви, жив добиток, бебешки производи и училишен прибор.
-Со намалувањето на ДДВ, очекуваме да се намали и цената на производите, што ќе биде директна помош за граѓаните. Намалениот ДДВ кај бебешките производи и училишниот прибор ќе биде од голема помош за родителите на новородени бебиња и ученици. Со намалувањето на ДДВ ќе се влијае и врз цените на сточната храна и добитокот, со што ќе се влијае и на намалување на цените на месо и млечни производи. Оваа мерка ќе ја подобри и конкурентноста на македонските производи врз увезените производ – истакна Груевски.
Нивото на финансиски импликации за оваа мерка е 380 милиони денари на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



