| четврток, 6 декември 2018 |

Зборовите со кои му се заканил Бранко на Јакимовски

Дека Црвенковски му се заканувал на Јакимовски вчера потврди и самиот градоначалник на Карпош. Курир дознава со кои зборови лидерот на СДСМ му се обратил на еден од своите најистакнати претставници, сега ексчлен на партијата

stevce-jakimovski

-Ти ќе бидеш предавник, а од Заев човек ќе направам. И што и да се случи во СДСМ, јас од заднина ќе ги влечам клучните политики. Ете така да знаеш! Ќе те гонам до крај….

Според изворот, отприлика со овие зборови се одвивала караницата во која опозицискиот лидер му се заканил на политичарот кој сврте грб на неговите штетни политики, а пото експресно беше исклучен од партијата.

Во нашиот неделник, објавивме дека Црвенковски, со уште 30 лица, во саботата откако дознал за плановите на Јакимовски, упаднал во канцеларијата на еден бизнисмен  каде се наоаѓал градоначалникот на Карпош со цел да го извршат притисок.

Притоа дошло до голема кавга која се заканувала да прерасне во тепачка. За цело време на разговорот паѓале тешки зборови и закани од Црвенковски при што тој според нашите извори се заканил дека сметките еден ден ќе бидат расчистени и Јакимовски ќе го снајде судбината на Амди Бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top