
ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Македонија одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави денеска евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав.
Евроамбасадорот рече дека исто така го споделуваат оценката содржана во извештајот за изборите на ОБСЕ/ОДИХР и дека исто така детално го проучуваат.
– Вчера имавме заедничка изјава од Делегацијата на ЕУ и на САД. Мислам дека нашиот став е многу јасен во врска со тоа прашање. ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави Орав, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на Унијата за непризнавањето на изборите од страна на опозициската СДСМ.
– Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани, наведоа од Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД во вчерашната заедничката изјава.
Ги повикаа сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори, се вели во заедничката изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бејли и Орав: Партиите и институциите се одговорни за кредибилни избори
-
Најмасовниот Скопски маратон досега, пријавени повеќе од 4.500 учесници
-
Орав: ДИК одлично си ја врши работата и нема причина за сомнеж дека списокот ќе се прочисти навреме (видео)
-
ЕУ и САД: Да се сработат обврските за одржување кредибилни избори


