
Холивудскиот актер Харисон Форд ќе ги предводи старите и новите ѕвезди Кери Фишер, Марк Хамил, Eнди Серкис и Оскар Aјсек во новио филм „Војна на ѕвездите: Епизода VII“, објавија Волт Дизни Компани и Лукасфилм.
Форд, Фишер и Хамил се враќаат на продолжението на серијата филмови кои ќе ги режира Џеј Џеј Абрамс.
Форд го играше Хан Соло, Фишер беше принцезата Леја, а Хамил го глумеше Лук Скајвокер во првите филмови, но не е познато дали ќе ги повторат нивните улоги или ќе глумат други ликови во новиот филм.
Компанијата „Дизни“ го купи „Лукасфилм“ на творецот на „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас во 2012 година за 4,05 милијарди долари и најави три нови филмови од оваа франшиза.
„Епизода VII“ е планирана да дојде во кината на 18 декември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


