| четврток, 6 декември 2018 |

До средина на мај ќе врне, сонце ќе имаме дури во втората половина на мај

dozd

Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C односно до 21°C.

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

Во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со слаби локални врнежи од дожд. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 3°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 24°C.

Иако на подолг рок не може да се даде некоја прецизна прогноза, сепак, месечните предвидувања велат дека до средина на мај ќе биде врнежливо, а целосно разведрување може да очекуваме дури во втората половина на мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top