| четврток, 6 декември 2018 |

„Знаеш ли?“ – јавен настан на плоштадот „Македонија“ за подигнување на свеста за донирање органи

podari organi doniranje

Петчасовен јавен настан за подигнување на свеста за донирањето органи како највисок чин на хуманост ќе се одржи денеска на плоштадот Македонија под мотото „Знаеш ли?“ во рамките на кој ќе биде промовиран и новиот број на уличното списание „Лице в лице“ кое во фокусот ја има оваа тематика.

Настанот се организира во соработка со здружението „Мактрансплант“, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова, а под покровителство на „Новартис“.

Граѓаните од 12 до 17 часот ќе можат да потпишуваат картички со што симболично ќе ја поддржат кампањата за донирање органи „Дари орган, подари живот“ што здружението „Мактрансплант“ ја започна на крајот од минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top