Јосип и Габриела Миоќ, родителите на Божана (6), која во сплитската болница неодамна им подлегна на повредите здобиени откако со автомобил ја удри пијан возач, се одлучиле на еден крајно хуман чин. Откако им било соопштено дека нивната ќерка ја изгубила битката, тие ја донеле најхуманата одлука, да ги даруваат нејзините органи за да спасат животи.
Мајката на Божана, Габриела, иако скршена од болка, објаснила зошто се решиле на ваков потег.
– Во тој момент како Господ да ти вели дека твоето дете ќе продолжи да живее во други деца и луѓе кои ќе бидат спасени со негова помош. Знаевме дека е предоцна за нашата Божана и дека ништо повеќе не може да се стори, а дел од нејзините органи беа здрави. Сакавме да им помогнеме на други деца кои имаат потреба од тоа, за нивните родители да не ја почувстуваат нашата болка. Да не осетат што значи да изгубиш дете, изјавила Габриела.
Едниот бубрег на Божана ќе му биде пресаден на Вицко Миндолевиќ од Сплит кој со години мака мачи до дијабетиосот кој му ги оштетил скоро сите органи. Тој цели 4 месеци бил на врвот на листата за трансплантација, чекајќи го повикот кој живот значи.
Црниот дроб на девојчето биде пресаден на пациентка која е во раните триесети години и боледува од цироза.
Инаку, родителите Јосип и Грабриела имаат уште три ќерки, а мајакта е повторно трудна со девојче. Велат дека кога бебето ќе се роди ќе го добие името Божана, во чест на загинатата нејзина сестра која следната недела требала да тргне во прво одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.