Времето во Македонија претпладне ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време. Облачноста во попладневните часови ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 13 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, но потопло време, со кратки сончеви периоди претпладне, а попладне со локален пороен дожд проследен со грмежи.
Такво време ќе имаме и за првомајскиот празничен ден. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


