| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со убедлива победа над Работнички

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен го совладаа Работнички со 89:73.

На средбата од 6.коло во Супер лигата, одиграна попладнево во салата „Парк’’, триумфот МЗТ Скопје го најави уште по првата четвртина која ја доби со 25:16, за на крајот на првото полувреме сино-белите да заминат со предност од +14 поени 49:35.

Актуелниот шампион рутинирано ја одржуваше предноста за на крајот да слави со конечни 89:73. Во редовите на победничката екипа најефикасен беше Стефан Синовец со 19 постигнати поени, еден повеќе од Ѓорги Чековски. Тодор Гечевски средбата ја заврши со „дабл-дабл„ од 13 поени и 10 скокови.

Кај домашниот тим најефикасен беше Марко Симоновски со 16 постигнати поени, додека Американецот Вилиам Колмен покрај 13 поени имаше и 6 скокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top