| четврток, 6 декември 2018 |

Проруски демонстранти ја нападаа зградата на милицијата во Луганск

Околу илјада проруски демонстранти денеска ја нападнаа зградата на милицијата во источниот украински град Луганск.

Тие го скршиле задниот влез на зградата и фрлаат камења врз објектот. На демонстрантите им се придружиле триесетина мажи вооружени со „калашњикови“ и рачни ракетни фрлачи. Некои од нив биле во цивилна облека, а други во унформи.

Според дел од западните медиуми, напаѓачите отвориле оган врз зградата на милицијата, а милиционерите орговориле со шок-бомби и солзавец.

Претходно, приближно 3.000 проруски демонстранти ја нападнаа и зазедоа зградата на локалната администрација во Луганск.
Дваесетина млади лица вооружени со железни шипки го скршиле прозорецот за да упаднат во зградата, која не била обезбедувана од полицијата, а насобраниот народ чекал надвор за да може да влезе.

На почетокот од месецот проруските сепаратисти ја зазедоа зградата на милицијата во Луганск, град со 456.000 жители, за подоцна по потпишувањето на Договорот во Женева да се повлечат од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top