| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон: Насилството и грабнувањата во источна Украина се тероризам

Американската амбасада во Киев ги оцени како „тероризам“ насилството врз приврзаниците на идејата за единство на земјата и грабнувањето на набљудувачите на ОБСЕ во источниот дел на Украина.

Во сооопштение на Амбасадата се „осудуваат киднапирањата извршени од сепаратистите, на украински и странски набљудувачи, од кои некои беа жестоко тепани“.

– Тоа е едноставно тероризам, се потенцира во соопштението.

Дипломатската мисија на САД е „згрозена“ и од вчерашното насилство во Донецк кога проруските активисти ги нападнаа проукраинските демонстранти, а на крајот беа повредени десетици лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top