| четврток, 6 декември 2018 |

Побегнала од болница: Лепа Брена се исплашила од вампирскиот третман

Лепа Брена неодамна сакаше да го проба „вампирскиот третман“ и лицето со сопствена крв, но кога сфатила колку е болен тој процес и низ што сѐ треба да помине, пејачката одлучила да побегне од болница.

Овој метод е познат како подмладување на лицето со крвна плазма, а се работи така што крвта на пациентот од која се добива доволна количина крвна плазма богата со тромбоцити, а потоа се вбризгува во лицето.

– Брена сакала само малку да го подмлади своето лице и закажала третман во кој се користи човечка крв. Брена се подготвила и отишла на третманот, легнала на масата за операција и тогаш настанал проблемот. Кога лекарите почнале со третманот, првиот бодеж ја исплашил и скокнала од оперативната маса. Тоа се огромни болки кои таа не сака да ги трпи, така што се откажа – наведува извор близок на пејачката.

Брена не сака ниту да ги потврди ниту да ги демантира овие информации, но ја искористи можноста жестоко да ги искритикува сите методи за подмладување кои ги применуваат жените.

– Никогаш не сум била против негување, но ова околу подмладувањето на жените станува грубо. Тоа е таква медиумски атака од кремови, пластични операции и слични понуди така што оние кои немаат самодоверба или добро светло во студиото додека се фотографираат, можат да потклекнат. И јас не го сакам светлото во лифтот со огледало или во гардеробата кога пробувам нови парчиња облека – рекла пејачката кога го прокоментирала случајот со Ким Кардашијан, која го иницираше подмладувањето со сопствена крв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top