Собранието на кантонот Сараево донесе едногласна одлука за доделување јавни признанија за почесен граѓанин на кантонот Сарево на поранешниот американски сенатор Боб Дојл и на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.
Седумкратниот светски првак во главниот град на Босна и Херцеговина првпат дошол во 1996 година, а потоа и во декември следната година. Шумахер тогаш дошол во организацијата ХОУП и УНИЦЕФ за да ги посети ранетите деца во војната сместени во болницата во Кошево. Целта на неговата посета било собирање средства за специјализираната болница за сараевските деца, жртви на гранатирањата и мините.
Шумахер на децата кои во војната останале без раце и нозе им го плаќал лечењето и протезите, и со тоа засекогаш ја стекна симпатијата на Босанците и на Херцеговците.
– Јас едноствано го сакам Сараево. Доаѓам овде поради децата на кои им се потребни помош и внимание. Би сакал и други да го следат мојот пример и да го посетат Сарево – изјави Шумахер при една од посетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.