| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички – МЗТ, дерби што не се пропушта

MZT Rabotnicki 15 (Custom)

Во рамките од шестото коло од кошаркарската лига на Македонија во салата во Градски парк силите ќе ги одмерат вечните ривали Работнички – МЗТ. Ова ќе биде нивни 120 дуел и претставува вистински празник за кошарката во нашата земја.
Шестото коло требаше да се игра викендов, но по барање на МВР беше одложено поради тоа што голем дел од припадниците на полицијата беше ангажиран во обезбедувањето на изборите.

MZT Rabotnicki 17 (Custom)

Клубот од Аеродром е неприкосновен во последните две години и е фаворит и оваа година за освојување на титулата, но од Работнички најавуваат дека нема да се предадат без борба. До крајот на Суперлигата остануваат уште пет кола. На табелата води МЗТ без ниту еден пораз, додека Работнички се наоѓа на четвртото место и грчевито ќе се бори до крајот за да обезбеди место во плејофот.
Навивачите на двете екипи, „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“, најавуваат посебен декор на денешното дерби.
Натпреварот почнува во 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top