| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас повторно во Скопје

Српскиот пејач Аца Лукас ќе одржи концерт на отворено на 30 мај на Скопско лизгалиште. Организаторите „Балкан медија“ го најавуваат овој концерт како поинаков од сите негови досегашни настапи во Македонија.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба веќе од утре (среда, 30 април) преку продажната мрежа на „купикарти за сѐ“ и Пола Југотон, Камарад – Рамстор и Цвеќара „Розе“ Веро 2. Цената на влезниците до 11 мај (недела) е само 250 денари. Вип задоволство за овој концерт ќе ве чини 550 денари.

Влезот ќе биде отворен од 20.30, а почетокот на концертот е закажан за 22 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top