| четврток, 6 декември 2018 |

Сите трошоци од лажните СМС ќе бидат отпишани од априлската сметка

t-com-macedonia

 „Т-мобиле“ ги известува корисниците дека во изминатиот период (март и април) имаше зголемен број спам-повици и СМС, од броеви што почнуваат на +88, +22 и +21 и +29.

Пораките што циркулираа беа обично со содржина „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.

Доколку броевите беа пријавени, „Т-мобиле“ веднаш ги блокираше. Но, оние корисници кои бирале повратно на спам-броевите, ќе добијат или веќе добиле несакани трошоци.

„Т-мобиле“, за да ги заштити корисниците, јавно информираше за оваа појава и советуваше да не се бираат повратно овие броеви.

Иако не станува збор за пропуст на мобилниот оператор, заради сигурноста и задоволството на нашите корисници, одлучено е сите трошоци од горенаведените броеви и СМС да се отпишат од априлската сметка (воопшто да не се прикажат во сметката), а сите приговори во врска со вакви трошоци од март, да бидат прифатени и корисниците да бидат обесштетени.

Станува збор за појава, која не е нова и не е локална и во наредниот период останува да важи советот да не се бира повратно на вакви броеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top