| четврток, 6 декември 2018 |

Од запалена трева до голем пожар на повеќе од 65.000 м2

СВР Охрид поднесе кривична пријава за лицето Б.С. (58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени тешки дела против општата сигурност.

Имено на 18 март, пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина, по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 квадратни метри дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 квадратни метри сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 квадратни метри млада шума и сува трева во атарот на селото Годивје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top