Вчера попладне, околу 18.30 часот, во с. Кучица, Штипско, кај местото познато како Мичешка Река, по претходна расправија, настанала тепачка меѓу Џ.И. (60) и Н.Ш.(35), двајцата од с. Кучица.
На Џ.И. му биле нанесени тешки телесни повреди во пределот на главата, додека Н.Ш. бил телесно повреден. На двајцата им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип, каде што Н.Ш. е задржан на лекување, а Џ.И. поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан во Клинички центар – Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.