Познатиот пејач Роби Вилијамс на својот профил на „Твитер“ соопшти дека со сопругата ќе добијат второ дете.
– Ајда и јас сме пресреќни што можеме да објавиме дека Теодора Роус Вилијамс ќе биде голема сестра – напиша пресреќниот 40-годишен Роби.
Неговата сопруга Ајда Филд во целост го смени, како што вика тој – на подобро, а прекрасно се снајде и во улогата на татко.
Двојката се венчаше во август 2010 година, а две години подоцна им се роди и првото дете – ќеркичката, на која гордиот татко ѝ ја посвети песната „Go Gentle“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.