Во пресрет на завршниот турнир во Будимпешта во рамките од женската ракометна Лига на шампиони, европската куќа на ракометот направи кратко интервју во левиот бек на ЖРК Вардар, француската репрезентативка Алисон Пино.
Таа раскажува за престојот во Скопје и за Вардар, во кој одлично се вклопи и докажа дека се работи за една од најдобрите светски играчи.
Пино в петок ќе наполни 25 години и несомнено најголема роденденска желба ќе ѝ биде освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.
– Дојдов во Вардар во тим кој има највисоки европски амбиции. Заедно со моите колешки ќе бидеме дел од историјата бидејќи ќе учествуваме на првиот завршен турнир организиран во женска конкуренција. Целата европска јавност ќе биде свртена кон Будимпешта и да се биде дел од тоа претставува огромно задоволство.
Уште во првата година со Вардар, кој е дебитант во ова натпреварување, да се учествува на завршен турнир е вистински успех. Имаме екипа која може да го освои ова натпреваруње и силно посакувам в понеделник сите медиуми да пишувааат дека Вардар е освојувач на Лигата на шампионите. Ѓер има мала предност бидејќи е домаќин, но прво треба да се размислува да го победиме Будуќност.
На тренинзите во Вардар се зборуваат сите јазици кои ги имаме во тимот. Почнав да разбирам македонски, а во тоа ми помагаат и моите колешки од репрезентацијата на Франција, Сираба Дембеле и Амандин Лејно, со кои ги делам искуствата и зборувам на мајчиниот јазик во Скопје – изјави Пино во пресрет на завршниот турнир во Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.