| четврток, 6 декември 2018 |

Плејофот ја крена температурата во НХЛ, на три меча 182 минути исклучувања

Извонредно возбудлив плејоф за титулата се игра во професионалната хокерска лига на САД и Канада, а уште во првата рунда има неверојатно добри дуели. Ноќеска се играа три меча, а температурата се крена на највисоко ниво, па имаше и бокс мечеви, многу голови и пресврти и неверојатни 182 минути исклучувања.

Најжешко беше во Лос Анџелес, каде домашните Кингс со победа од 4-1 против Сан Хозе, израмнија на 3-3 и ќе патуваат на мајсторка. Серијалот почна со уверливи 3-0 во победи за Сан Хозе, но шампионот од преклани го возврати ударот и со низа од 3 триумфи ја врати неизвесноста околу конечниот победник. Ноќеска на тој дуел имаше најмногу исклучувања, вкупно 98 минути, што е премногу дури и за НХЛ.

Многу борба имаше и на пресметката меѓу Минесота и Колорадо, каде домаќините славеа со 5-2 и израмнија на 3-3 во серијата што ќе се одлучува во уште една мајсторка. Судиите имаа многу мака за да ги смират страстите, а четворица хокеари, по двајца на двете страни беа исклучени. Вкупно казнените минути за недозволени стартови и тепачки изнесуваат 66 минути. Ривалитетот е огромен, екипите се израмнети, па нијанси одлучуваат кој ќе оди понатаму во битката за титулата.

Во втората рунда на Западната конференција веќе е Питсбург по победата од 4-3 против Колумбус, со што Пингвините ја затворија серијата со 4-2 во победи. Таму ноќеска беше најмирно, со само 18 минути исклучувања.

 

 

Колумбус и Питсбург, каде гостите славеа со 4-3 и го елиминираа ривалот со 4-2 во победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top