| четврток, 6 декември 2018 |

Кој одлучува за наградите во Кан?

жири комисија кан

Најпрестижниот филмски фестивал на светот, Канскиот, денеска го соопшти составот на жирито што ќе ги доделува наградите на фестивалот, кој ќе трае од 14 до 25 мај.

Претседателка на жирито е Џејн Кампион, режисерка од Нов Зеланд, која во 1993 година ја освои „Златната палма“ за својот филм „Пијано“.

Кампион ќе биде претседателка на жирито во чијшто состав има пет жени и четворица мажи. Ова е првпат по 2009 година овој фестивал да има повеќе жени од мажи во составот на комисијата што одлучува за наградите. Канскиот фестивал често е критикуван дека ги маргинализира жените на филмот.

Во жирито се уште и американската режисерка Софија Копола, актерките Керол Буке од Франција, Лејла Хатами од Иран и Јеон До Јеон од Јужна Кореја, потоа американскиот актер Вилијам Дефо, мексиканскиот актер и режисер Гарсија Бернал, кинескиот режисер Џија Џанке и Данецот Николас Виндинг Рефн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top