„Гаспром“ не исклучува потенцијален прекин на транзитот на руски гас за Европа, стои во извештајот на рускиот гигант за 2013 година.
– Може да се создаде ситуација во која „Гацпром“ нема да може да спречи потенцијален прекин на транзитот на гас преку територијата на следните земји: Украина, Белорусија и Молдавија, се наведува во извештајот.
Раководството наведува дека имало случаи кога испораката на гас, наменет за европските потрошувачи, бил пренасочуван поради несогласувања со земјите од поранешниот Советски Сојуз, преку чијашто територија се транзитирал гасот.
Секој прекин на транзитот преку територијата на Украина, Белорусија и Молдавија, вклучително потенцијално пренасочување на гасот испорачан за Европа, може да доведе до тоа „Гаспром“ да не е во состојба да ги исполни обврските за снабдување со гас на европските потрошувачи. Актуелната политичка и економска криза во Украина ги засилува ваквите стравувања, што може негативно да влијае на нашата активност и нашата финансиска состојба, се наведува во извештајот на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.