| четврток, 6 декември 2018 |

200 евра казна за оган, 50 за ѓубре на 1 мај

skaraГраѓаните што планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на Водно, Гази Баба, Сарај,  Треска, Матка и други излетнички места, да не палат оган и да не фрлаат отпад, апелираат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што соопштија, нивни екипи ќе вршат контрола на јавните површини.

– Потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, предупредуваат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top