Изборната победа на партијата на премиерот Груевски, според пратеникот Торстен Фрај (ЦДУ-ЦСУ), е шанса за континуитет на владата. Тој вели – кон демократијата припаѓа и прифаќањето на изборните резултати, онакви какви што се.
– Одржаните претседателски и парламентарни избори во Македонија ги потврдија очекувањата дека владејачката партија на премиерот Никола Гуевски во Собранието повторно ќе биде присутна иако не со апсолутно, туку со убедливо мнозинство, со што ќе може да ја продолжи својата работа за Македонија. Сметам дека ова е голема шанса за владата на Груевски. По ланските локални локални избори, Груевски сега на парламентарните повторно ја доби довербата од избирачите, така што верувам дека ќе се погрижи за континуитет на земјата. Конкретно, мислам на претстојниот период во кој нема да има избори и во кој ќе може да се сконцентрира на внатрешно и надворешнополитичките предизвици – изјави за „Дојче веле“ синоќа Торстен Фрај, пратеник на ЦДУ-ЦСУ и член на Комисијата за Европската унија во германскиот Бундестаг.
Парламентарецот Фрај, кој инаку е известувач за Македонија во пратеничката група на демохристијаните на Меркел, забележува дека од она што во текот на првиот ден по изборите имал можност да го слушне е дека ОБСЕ немал големи забелешки за текот на неделното гласање.
– Од моја гледна точка обвинувањата за манипулации, посебно од страна на социјалдемократите, треба да се посматраат трезвено. Од она што јас досега го знам, не станува збор за сериозни нарушувања кои доколку ги немало би довеле до поинакви изборни резултати. Кон демократријата припаѓа и прифаќање на изборните резултати, онакви какви што се – коментира за „Дојче веле“ Торстен Фрај од ЦДУ-ЦСУ.
Фото: Дојче веле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Закани по живот и бедно плукање по неистомислениците: Како СДСМ ја замислува слободата на говор и демократијата
-
Десоросоизацијата е враќање на демократијата на граѓаните
-
Фрај: Партиите да ги прифатат изборните резултати, изборите ќе стават крај на кризата
-
Вчерашниот говор на Никола Груевски оценет како силен поттик кон враќање на демократските процеси



