По повод 23. роденден, музичкото радио „Канал 103“ организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена.
В среда, на 30 април, во 18 часот, ќе се одржи слободен настан во Младинскиот културен центар на кој ќе присуствуваат повеќе генерации стотројкаши.
Предвиден е целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на „стотројкашки“ филмови, слајдшоу документ за скопската урбана култура и фрисешн на кој ќе учествуваат 23 истакнати музичари од независната сцена.
По долги 3 години, фриформ сешнот „Е’н, 2, три… 103!“ кој првпат се одржа на 20. роденден на радиото, се враќа на местото на настанот.
23 музичари за 23 години „Стотројка“. Дел од сешнот ќе бидат Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Драган Гиновски, Теодор Бошков, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и многу други.
Во киното „Фросина“ ќе се прикажат следниве филмови
Гето 103 (МРТВ / ФДУ, 1999)
Режија: Јане Алтипармаков
Времетраење: 11 мин.
Ако никој не свири (Стотројка, 2010)
Режија: Ѓорѓи Јаневски
Времетраење: 55 минути
Од другата страна (Danse Macabre, 2012)
Режија: Ивица Дукоски, Златко Гелески
Времетраење: 1 минута
103 – Љубовно Писмо До Алтернативната Култура (PMG Recordings, 2013)
Режија: Синиша Евтимов
Времетраење: 55 минути
________________________________________________________________________________
Канал 103 почна да зрачи на 1 мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската радио-телевизија, „Канал 103“ прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.